Манчини: Момците се фантастични, секогаш е потребно малку среќа

Селекторот на Италија, Роберто Манчини беше исклучително горд на својот тим по триумфот во финалето на Европското првенство.

„Азурите“ станаа шампиони на Стариот континент синоќа, откако по серијата пенали ја совладаа Англија на „Вембли“.

„Гордиот Албион“ поведе во втората минута од мечот со голот на Лук Шо, а Леонардо Бонучи израмни за Италија во 67. минута, па финалето се решаваше преку дополнителни продолженија и изведување на пенали.

„Момчињата беа фантастични. Немам зборови. Знаевме дека ќе биде тешко, рано примивме гол и се мачевме на стартот, но доминиравме во остатокот од натпреварот. Во пенал серијата, потребна ви е и малку среќа … малку ми е жал за Англија, бидејќи тие исто така одиграа одличен турнир“, рече селекторот.

По триумфот на „Вембли“, Манчини не успеа да ги задржи емоциите, па победата ја прослви со солзи радосници.

„Ме обзедоа емоции, тоа се случува кога ќе постигнете нешто неверојатно. Особено кога ги видов момците како слават и навивачите на трибините. Сфатив што успеавме да создадеме, благодарение на напорната работа, во последните три години и особено во последните 50 дена“, заклучи Роберто.

Се вчитува...