Фудбалската репрезентација на Италија ја очекува тежок распоред во рамки на Лигата на нации, особено ако се има в предвид дека прво ќе се соочи со Англија, а потоа и Унгарија.
Селекторот Роберто Манчини пред овие дуели има проблеми со составот, со оглед на новите две потврдени отсуства. Според медицинскиот тим, Матео Политано и Лоренцо Пелегрини биле принудени поради повреди да ја напуштат базата на „аѕурите“.
Салваторе Еспозито и Маноло Габијадинис се играчите кои ќе ги пополнат празните места. Италијанците моментално се наоѓаат на третото место со пет освоени бода. Италија во петок ќе се сретне со Англија, а три дена подоцна ќе ја предизвика Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА