Македонскиот првак Вардар загуби со 2-1 од Зенит во Санкт Петербург, но прикажа многу подобра игра од претходните мечеви во групната фаза од Лигата на Европа. Дејан Блажевски во завршницата постигна фантастичен гол со волеј – удар, што беше заокружување на одличниот настап во второто полувреме.
Тренерот на Зенит, Роберто Манчини, во италијански стил, сепак, смета дека победата е најважниот елемент од вечерашниот дуел на „Крестовски“.
„Најважно е што победивме. Им дадов шанса на одредени фудбалери кои имаа помала минутажа, но и покрај тоа одигравме квалитетно, посебно во првото полувреме. Во вториот дел Вардар прикажа добра игра, но, сепак, сметам дека требаше и поубедливо да триумфираме. Не реализиравме пенал, а имавме и уште неколку изгледни шанси. Денеска ќе одмориме, а од утре мислиме на мечот против Спартак Москва“, изјави Роберто Манчини на прес – конференцијата по натпреварот со Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА