Роберто Манчини ги потсети италијанските репрезентативци дека пласманот во големото финале од ЕВРО 2020 нема да значи ништо доколку „аѕурите“ не триумфираат утре над Англија за да се искачат на тронот на европскиот фудбал.
Италија игра фантастично под водство на овој стратег, оваа селекција е без пораз на последните 33 одиграни средби, серија што ќе се обиде да ја продолжи и утревечер на „Вембли“.
„Секако дека сум горд на начинот на кој што играме, на оваа извонредна серија во која се наоѓаме, но тоа нема да значи ништо ако не победиме против Англија. Да се стигне до финале е одлично, но сигурно не е доволно за славје – овие натпревари се играат за да се победи во нив, само тогаш може да се каже дека сме оствариле успех на едно големо натпреварување. Нема да биде лесно, но ќе се обидеме да извршиме притисок, да го преземеме водството и контролата над резултатот. Англија е силна репрезентација, физички одлично подготвена, технички добро поткована, така што сме свесни дека ова ќе биде една исклучително тешка битка“, изјави Манчини во пресрет на утрешното финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА