Зенит го прегази Вардар во Скопје. Победи со 0-5, а остави впечаток дека може да даде и повеќе ако сака. Се чуди и Роберто Манчини, италијанскиот стратег на клупата на рускиот клуб, кој вели дека Вардар нималку не е наивен противник.
„Вардар не е слаб тим. Ние дадовме пет гола, одигравме навистина многу квалитетно. Во првото полувреме влеговме со офанзивен пристап и дадовме два брзи гола, тоа го реши мечот. Не очекувавме така убедлива победа, мислам дека сепак тоа не е реална слика за квалитетиоте на двата тима. Вардар е добар тим, покажа многу повеќе против Малме и против Фенербахче. Очигледно дека заслугата за ваквиот триумф е наша“, изјави Роберто Манчини на прес – конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА