Фудбалскиот тренер на Ал Сад, Роберто Манчини, не можеше да се врати во Катар и ќе го пропушти следниот натпревар на тимот поради војната во регионот, објави клубот.
Италијанскиот тренер, кој беше надвор од земјата од семејни причини, ќе го пропушти натпреварот против Ум Салал во катарската лига.
Манчини, кој го освои Европското првенство како селектор на Италија во 2021 година, е тренер на Ал Сад од минатиот ноември.
Комерцијалните летови се суспендирани или строго ограничени во регионот по нападите на САД и Израел врз Иран и последователните ирански одговори кон Израел и земјите од Персискиот Залив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

