Манчини не се согласи да го преземе Јувентус од една причина

Јувентус денеска го назначи Игор Тудор за нов тренер на местото на Тиаго Мота, кој не ја издржа целата сезона и доби отказ од раководството на „бјанконерите“.

Хрватот ги прифатил условите на Јувентус, и токму тоа е причината зошто е назначен за тренер, а не Роберто Манчини како што првично беше најавено. Екс италијанскиот селектор не прифатил во секој момент да му биде раскинат договорот предвреме, односно не се согласил да работи до 2025 година.

Договорот на Тудор е до крајот на сезоната, со тоа што ако обезбеди пласман во ЛШ, автоматскиот самиот се продолжува, а ако не, тогаш има опција да се раскине.

Се вчитува...