Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини изјави дека Марио Балотели ќе биде повикан во тимот кога тоа ќе го заслужи.
„Балотели ќе биде во составот на Италија тоа ќе биде затоа што го заслужил тоа, а не поради бојата на неговата кожа. Ако некој го познава Марио, тоа сум јас и навистина ми е мил. Но, морате да разберете дека повик ќе добие бидејќи задоволил одредени критериуми“, изјави Манчини.
Неодамна натпреварот меѓу Бреша и Верона беше накратко прекинат поради расистички напади од страна на навивачите на Верона упатени кон Марио Балотели. Инаку Италија веќе обезбеди пласман на Европското првенство во 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА