Италијанскиот селектор Роберто Манчини самоуверен е дека може да го однесе европскиот првак Италија на Светското првенство во Катар догодина, иако признава дека нема да биде ништо лесно во мартовските квалификации, прво со Македонија во полуфиналето на 24 март догодина, а потоа во евентуалното финале со подобриот од мечот Португалија – Турција пет дена подоцна.
Манчини за „Скај Спорт“, призна дека Италија си ја искомпликувала работата за настап на Светското првенство, на кое првпат после скоро пола деценија не играше во Русија во 2018 година.
„Ја сикомпликувавме работата, но ќе видиме што ќе се случи во март. Знам едно дека нема да ни биде лесно за да дојдеме со Светското првенство, ниту со Македонија, ниту потоа, ама мислам дека имаме добри шанси за пласман на Мундијалот“, вели Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА