Манчини: Очекувам различен меч од тој со Белгија

Италија и Шпанија вечерва ќе се сретнат во првото полуфинале на Европското првенство. Селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини вели дека иако ќе биде тотално различен меч од тој со Белгија, очекува тешка борба против Шпанците.

„Ќе биде навистина тежок натпревар иако Шпанија е тотално различен противник од Белгија. Воопшто нема да биде ист натпревар како претходниот. Шпанија е одлична репрезентација години наназад и иако сега имаат подмладување се уште се врвна селекција. Имаат одличен тренер и одлични фудбалери“, изјави Манчини. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Вембли“ во Лондон е со почеток во 21 часот.

Се вчитува...