Откако Италија вчера се најде во баражот за Мундијал по ремито со Северна Ирска, се огласи селекторот Роберто Манчини кој ја смири целата ситуација. Швајцарија победи 4:0 над Бугарија и отиде директно во Катар, додека Италијанците ќе мора преку баражот да бараат место меѓу најдобрите светски селекции. Воедно, Италија сега е еден од ривалите на Македонија во баражот.
„Ќе го избориме Светското првенство низ баражот во март, а можеби ќе станеме светски прваци. Сигурен сум. Ги контролираме натпреварите, но ни недостасуваат голови. И во натпреварот со Северна Ирска пропуштивме да реализираме порано, а потоа беше тешко“, рече Манчини.
Италија го освојуваше Мундијалот четири пати. Селекцијата не смее да си дозволи да не учествува на Светското првенство, затоа што тоа ќе биде вторпат по ред. Италија не беше дел од Мундијалот во Русија 2018 година, а потоа на ЕП одржано оваа година го освоија големиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА