Манчини остана без Донарума

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот од последното коло во Серија А против Спал и мораше предвреме да ја напушти играта. Лекарските прегледи покажаа дека ќе мора да паузира еден месец и тој нема да му биде на располагање на селекторот Роберто Манчини за претстојните квалификациски натпревари на италијанскиот национален тим.

„Аѕурите“ во јуни ќе играат два натпревари од квалификациите за ЕП, против Грција на гости и против Босна и Херцеговина. По две кола имаат максимален ефект од две победи, против Финска и против Лихтенштајн.

Се вчитува...