Роберто Манчини ќе мора да експериментира со навалната линија на италијанската репрезентација на стартот од квалификациите за ЕВРО 2020. Лоренцо Инсиње поради повреда ќе паузира до почетокот на месец април, а Манчини денеска остана и без помошта на Федерико Киеза.
Асот на Фиорентина повреден пристигна во тренинг-кампот на „аѕурите“, но не успеа да се рехабилитира навреме, по што Манчини по консултациите со лекарскиот тим донесе одлука Киеза да се врати назад во Фиенца и да продолжи со рехабилитација во својот клуб.
Покрај Киезза на повреда се жали и Алесандро Флоренци, кој има болка во мускулот, но по деталните прегледи ќе биде познато дали асот на Рома ќе може да им помогне на „аѕурите“ на првите две квалификациски средби против Финска и Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА