Манчини останува без уште еден фудбалер на Јуве за пресметката со Македонија!?

Италијанскиот селектор Роберто Манчини утре ќе го објави списокот на фудбалери за баражот со Македонија, но кормиларот на „аѕурите“ утрово се соочи со неочекуван проблем. Имено, фудбалерот за врска на Јувентус, Мануел Локатели, бил позитивен на коронавирус на последното тестирање, поради што овој играч ќе мора да мине најмалку пет дена во самоизолација.

Локатели беше стандарден првотимец кај Манчини на последните натпревари на „аѕурите“ во квалификациите за СП, но сега е прашање дали тој ќе може да настапи на дуелот во Палермо против Италија. За очекување е Локатели да се појави на списокот на играчи на Манчини, но селекторот дополнително ќе донесе одлука дали тој ќе може да се појави на теренот во Палермо.

Локатели е вториот фудбалер на Јувентус кој се соочува со опасност да не настапи против Македонија, откако Леонардо Бонучи отпадна од комбинација поради повреда, а неизвесен е и настапот на Џорџо Кјелини, кој исто така извесно време се мачи со повреда.

Се вчитува...