Селекторот Роберто Манчини повторно ја налути италијанската спортска јавност повикувајќи во националниот тим уште еден играч со речиси никаква поврзаност со Италија. Откако пред неколку месеци го вклучи аргентинскиот напаѓач Матео Ретеги, селекторот на „аѕурите“ сега се реши да ја засили репрезентацијата и со лев бек од Бразил.
Станува збор за Лукас Пинто, дефанзивецот на Васко да Гама кој е вклучен во списокот за претстојниот завршен турнир од Лигата на Нации на УЕФА. Пинто поседува двојно државјанство бидејќи баба му потекнува од Италија, но јавноста во оваа земја го критикува Манчини поради фактот дека повторно игнорира играчи од Калчо-лигата, наместо тоа давајќи им шанса на фудбалери на кои Италија воопшто не им е татковина.
Останува да се види дали Пинто ќе добие шанса и на теренот и како ќе се снајде во тактичките замисли на италијанскиот селектор, ако се знае дека овој фудбалер нема одиграно ниту еден натпревар надвор од Јужна Америка. За левиот бек минатото лето се интересираше Интер, но тој трансфер не се реализираше, по што Пинто си замина од Коринтијанс и потпиша за Васко да Гама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА