Италијанската репрезентација вчера загуби во полуфиналето на Лигата на Нации од Шпанија со гол во 88. минута од мечот. Наместо финале, сега Италијанците, кои се во нашата група во квалификациите за ЕП 2024 година, ќе играат меч за трето место против Холандија.
Роберто Манчини, селекторот на италијанскиот национален тим во некои сегменти беше задоволен од играта, но кажа дека доколку сега би се повторил мечот, не би се одлучил за ваква игра.
„Можевме да одиграме поинаку, а сега ако би почнал мечот, не би играл така како што игравме. Во второто полувреме им оставивме многу простор да ја форсираат нивната игра. Секако дека ова за нас е тежок пораз. Сакавме да одиме во финалето и да го освоиме тој трофеј, но не успеавме. Шпанија заслужено оди таму, и покрај тоа што доцна постигна втор гол“, рече Манчини.
Италијанскиот селектор ја пофали играта на Фратези. Тој кажа дека ќе фосрира помлади играчи и во следната Лига на Нации за да им даде шанса на младите да се развиваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

