Манчини се нуди пак да биде селектор на Италија: Секому може да му се случи да згреши

Трката за селектор на Италија се наоѓа пред нов пресврт откако екс-кормиларот Роберто Манчини изрази желба да се врати на кормилото на „аѕурите“.

Манчини ја шокираше италијанската јавност откако доби поддршка да остане селектор по фијаското против Македонија во баражот за СП, за потоа во септември 2023 самиот да си замине и да се пресели на функцијата селектор на Саудиска Арабија. Италијанецот не се прослави и набрзо доби отказ, па сега отворено се нуди за враќање назад на чело на националниот тим во татковината.

„Секому може да донесе погрешна одлука, јас тоа го признав уште пред неколку месееци. Можам да кажам дека чувството кога победуваш со репрезентацијата е неповторливо. Јас освоив толку многу трофеи како клупски тренер, но радоста при пехарот на ЕВРО 2020, тоа е она што ќе го паметам додека сум жив“, изјави Манчини.

Тој е оптимист дека ќе успее да го убеди претседателот на федерацијата, Гравина да му даде нова шанса откако Лучијано Спалети доби отказ од функцијата.

„Не верувам дека тоа би било проблем, веќе се имаме сретнато и имаме разговарано за она што се случи во минатото“, прокоментира 60–годишниот стратег.

Се вчитува...