Рускиот клуб Зенит од Санкт Петербург в четврток ќе гостува на арената „Филип Втори“ на отворањето на групната фаза од Лигата на Европа против македонскиот првак Вардар. Италијанскиот стратег Роберто Манчини најави дека неговиот тим е максимално фокусиран на овој натпревар, и очекува подобро издание од саботниот меч против Динамо Москва во руското првенство, кој заврши без голови.
„Не успеавме да постигнеме погодок, но во второто полувреме игравме добро. Сега максималниот фокус оди на натпреварот од Лигата на Европа против Вардар“, најави Манчини.
Рускиот тим в среда ќе допатува во Скопје, и ќе одржи тренинг на националната арена „Филип Втори“, во пресрет на мечот кој е закажан за четврток, во 21.05 часот. Мечот ќе го суди данскиот судија Јакоб Келет, а ќе му помагаат неговите сонародници Хенрик Ларсен и Хејне Соренсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА