Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини и натаму не може да се помири со фактот дека неговата селекција нема да игра на Мундијалот во Катар. Актуелниот европски првак загуби во полуфиналниот бараж за СП од Македонија.
Манчини кажува дека сега, кога доаѓа Мундијалот, се чувствува уште полошо отколку после мечот кога неговата Италија беше поразена и елиминирана од Македонија.
„Ќе биде ова тежок месец за нас. Сега почнува. Чувствуваме горчина во овој момент, но натпреварите мора да се играат. Се чувствувам полошо од март. Заслуживме да одиме на СП, но ги пропуштивме своите шанси. Фудбал е тоа, после голема среќа доаѓа големо разочарување, тука не можеме ништо. СП без Италија е поинакво“, рече Манчини пред вечерашниот меч во Тирана каде неговата селекција ќе се сретне со Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА