Роберто Манчини пристигна како селектор на Саудиска Арабија со големи амбиции, но поранешниот италијански кормилар засега воопшто не ги оправда очекувањата.
Новиот квалификациски циклус за СП 2026 почна со разочарувачко реми на домашен терен против Индонезија (1-1), веднаш се појавија критичари за работата на Манчини, но Италијанецот се јави со алиби кое тој го смета за главна причина за се послабите изданија на репрезентацијата. Според него, огромните вложувања во лигата во Саудиска Арабија придонесе домашните играчи да ја загубат минутажата на клупски план, што се одразува на националниот тим.
„Тешко е да бидеш селектор кога играчите ја греат клупата цела година во клубовите. Aрапските фудбалери треба да имаат своја улога во првенството, но тоа не се случува. Од списокот што го доставив за овој циклус, дури 20 фудбалери се резерви и речиси и да не влегуваат во игра. А кога тоа се случува, невозможно е да бидат во топ-форма кога треба да играат во репрезентацијата“, изјави Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

