Италијанскиот стратег Роберто Манчини кој ја врши селекторската функција во репрезентацијата на Саудиска Арабија се наоѓа на мета на критичарите во оваа држава поради големите примања и лошите резултати кои ги бележи.
Саудиска Арабија е во третиот круг од азиските квалификации за Светското првенство 2026, но по три кола е на третата позиција на табелата зад Јапонија и Австралија, а само две репрезентации имаат загарантиран пласман.
Екипата на Манчини загуби од Јапонија, а на пресконференцијата за медиуми Италијанецот доби незгодно прашање дали смета дека не ги исполнува очекувањата согласно со големите примања кои ги добива по што следеше и дрзок одговор.
„Да не сакаш да ти ја покажам банкарската смета? Ако веќе толку те интересира“, одговори Манчини кој потоа продолжи со дрскиот однос.
„Прво ме прашувате зошто играм со четворица во одбраната, потоа зошто не играм. Одлучете се ајде“.
Манчини ја превзема Саудиска Арабија пред една година. Неговата годишна плата изнесува 25 милиони евра што е убедливо најмногу за еден селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА