Италијанскиот селектор Роберто Манчини не можеше да биде многу задоволен од ждрепката за квалификациите за ЕП 2024.
Италија, во реприза на финалето од ЕП 2020, е со Англија во групата, а си ја доби и Македонија од која беше елиминирана во баражот за СП 2022.
„Уште пред ждрепката некако знаев дека ќе биде или Англија или Франција. Тоа чувство го носев. Но, како и да е, мислам дека секогаш е добро да се игра со Англија на Вембли“ – изјави Манчини веднаш по ждрепката, притоа дополнувајќи:
„Не треба да кажувам дека ја добивме најтешката група, ако се погледне дека плус ќе е и Украина. А, за Македонија што да кажам? Видовте што се случи во март. Најтешкиот противник од четвртиот шешир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА