Стипе Мандалиниќ беше поврзуван со враќање во Бундес-лигата, но хрватскиот бомбардер по заминувањето од Е. Пелистер на крајот замина во шампионатот на Грција, потпишувајќи договор со екипата на АЕК.
Хрватскиот лев бек беше најавуван како суперзасилување на „пелистерци“ по трансферот од Фуксе Берлин, но никогаш не ги оправда очекувањата како лидер на тимот што требаше да го предводи во атак на трофеи. Разделбата со битолчани беше најавена уште пред извесно време, за денеска Стипе и официјално да го објави новиот чекор во кариерата, изненадувачки трансфер во атинскиот прволигаш.
„Со задоволство можеме да објавиме дека потпишавме едногодишен договор со Стипе Мандалиниќ. Во својата кариера тој има пет титули шампион на Хрватска, исто толку трофеи во Купот на Хрватска. Последните две години настапуваше за Пелистер во ЕХФ-натпреварувањата, а минатата сезона во ЕХФ Лигата на Европа постигна 64 погодоци за својот тим“, објави АЕК на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

