Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Марио Манџукиќ е во залезот на својата богата кариера па доби „езготична“ понуда од неочекувана дестинација – Индија.
Имено, најтрофејниот клуб на индиското првенство, АТК Мохун Багану е заинтересиран да го доведе 35-годишникот во своите редови. Интерес постои и од Хрватот, а единствениот проблем може да бидат финансиите, пренесуваат тамошните медиуми.
Манџукиќ претходно беше поврзуван и со враќање во редовите на Динамо Загреб и дресот на „модрите“ кој го носеше од 2007 до 2010 година пред трансферот во Волфсбург.
[🌗] ATK Mohun Bagan are keeping tabs on AC Milan striker Mario Mandžukić. His huge salary will be a problem. However, talks are being held on both sides. Mandzukic himself is keen to play in India. 🔴🟢 @ieBangla #ATKMB #HeroISL #SFTBL pic.twitter.com/mJZ7EPwoCc
— Sevens Football (@sevensftbl) June 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА