Манџукиќ е желба на Милан, Јувентус ќе го чека Мората

Марио Манџукиќ е голема желба на Милан, откако Џенаро Гатузо го посочил токму Хрватот како свој приоритет за освежување на нападот во претстојниот преоден рок. „Росонерите“ му ветиле на својот тренер доведување на неколку нови фудбалери, а Гатузо претпочита искусни асови во однос на млади ѕвезди, по лошото искуство со Андре Силва. Тој ќе го продаде Никола Калиниќ, можно е заминување и на Силва, со што ќе има доволно средства за освежување на навалната линија, во која сигурно ќе остане само младиот Кутроне.

Се шпекулира со почетна понуда од 25 милиони евра, Јувентус сигурно ќе настојува да добие нешто повисока отштета, но „старата дама“ генерално нема проблем да продаде уште еден свој првотимец на Милан, откако истото го стори со Бонучи минатото лето.

Директорот Марота планира да направи неколку промени во тимот, а Манџукиќ ќе може да си замине доколку биде осигурано враќањето на Алваро Мората. Шпанецот имаше разочарувачка сезона во Челси, лондонскиот клуб најавува негова продажба, а ако биде прифатена понудата од 50 милиони евра од италијанскиот првак, тоа автоматски ќе значи и зелено светло за трансферот на Манџукиќ во Милан.

Се вчитува...