Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ е пред преминување во Манчестер Јуанајтед, откако со клубот од „Олд трафорд“ ги договорил личните услови.
Манџукиќ ќе потпише двегодишен договор, со можност за продолжување на соработката на уште една година. Висината на трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра.
33-годишниот напаѓач во Јувентус пристигна во 2015 година од редовите на Атлетико Мадрид за 25 милиони евра. Тој минатата сезона во дресот на „старата дама“ забележа 33 настапи на кои постигна десет гола и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА