Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок се засилува со двајца фудбалери на Јувентус, Марио Манџукиќ и Емре Чан, пренесува германски „Билд“.
Познато е дека менаџерот на Јуве, Маурицио Сари не сака да смета и на двајцата во новата година, па Борусија Дортмунд се активира за ангажман на искусните фудбалери.
Како што пренесува „Билд“, тимот од Дортмунд планира да понуди цена од 30 милиони евра за двајцата, но во зависност од преговорите, кои наводно веќе се активирани, таа сума би можела да оди и до 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА