Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ игра во одлична форма во дресот на Јувентус и во последните неколку мечеви беше во улога на главен реализатор во тимот на Масимилијано Алегри. Го постигна победничкиот гол и на дуелот со Рома, но, сепак, вели дека во редовите на шампионот најважен е тимскиот дух.
„Имавме одлична претстава против Рома. Овој тим знае како да ги игра ’големите’ натпревари. Најважен е победничкиот дух, тоа на сите нас ни дава поголема сила. Фановите не поддржуваат и во една таква ситуација е многу полесно да се биде успешен и на теренот. Одиме понатаму, имаме големи цели оваа сезона“, изјави Манџукиќ.
Хрватот е во преговори за обновување на соработката со Јувентус до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

