Во првото интервју по потпишувањето со Милан, хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ објаснува зошто ја прифатил понудата да дојде во клубот.
„Има многу причини поради кои го одбрав Милан. Тоа е еден од најголемите клубови во светот, со импресивна историја и бројни легенди. Впрочем цел свет знае што значи Милан. Во последно време напорно работев како би заслужил еден ваков повик. Никој во Милан не треба да се грижи околу мојата физичка подготвеност“ – вели Манџукиќ.
Хрватот е воодушевен што ќе игра заедно со Златан Ибрахимовиќ.
„Уште од најмлади години го следам Златан. Пресреќен сум што конечно ќе играм со него. И двајцата сме гладни за успеси. Тој се уште е ‘животно’ на теренот и јас ќе се трудам да бидам ист таков. Мислам дека одлично ќе соработуваме“ – истакнува Марио Манџукиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

