Италијанскиот првак Јувентус ќе го продолжи договорот со хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ до 2021 година. Раководството на клубот ги договори сите детали околу продолжување на соработката со напаѓачот кој дојде во Торино во 2015 година од Атлетико Мадрид.
Актуелниот договор на Манџукиќ има важност до 2020 година, а со новиот „дил“ тој ќе остане една сезона дополнително во клубот, а ќе добие значително зголемување на годишната плата. Досега заработуваше 3,5 милиони евра, а според новиот ќе инкасира 5 милиони евра по сезона.
За четири години во дресот на Јувентус, Манџукиќ одигра 158 натпревари, постигна 43 гола и има 23 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА