Бешикташ е подготвен да издвои мало богатство од касата за Марио Манџукиќ и за следните четири сезони му нуди годишна плата од 7 милиони евра на 31-годишниот напаѓач на Јувентус. Aктуелниот турски првак го дели само една победа од одбрана на титулата, а раководството веќе крои планови како ќе ја потроши заработката за новата сезона. Манџукиќ и претходно беше поврзуван со трансфер во Бешикташ, но ротацијата на Алегри му обезбеди место во првите единаесет на хрватскиот голгетер и притоа одлично ја заврши работата како лево крило.
Турскиот клуб сепак ќе има конкуренција за потписот на поранешниот играч на Атлетико Мадрид, и тоа од ПСЖ и од Тотенхем, но само Бешикташ му нуди двојно поголема плата од онаа што ја заработува во Јувентус, а секако и учеството во Лигата на шампиони. Договорот на Манџукиќ со клубот од Торино истекува во 2019 година, а управата покрај заинтересираноста од неколку клуба размислува за продолжување на соработката со Хрватот.
Манџукиќ во својата втора година во дресот на Јуве освои нова титула во Серија А, исто така придонесе да се одбрани трофејот во Купот на Италија, а сега е на пат да ја освои тројната круна доколку неговиот тим го спречи Реал Мадрид да стане првиот тим кој го одбранил европскиот пехар. Хрватскиот репрезнтативец сезонава забележа 10 погодоци и 8 асистенции на 48 меча за Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА