Манџукиќ си замина од Катар, ветеранот бира меѓу Турција, Италија и Русија

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ објави дека со заедничка согласност ја прекинал соработката со катарскиот Ал-Духаил. Во клубот беше само шест месеци по трансферот од Јувентус во декември. 34-годишниот напаѓач сега е слободен играч.

„Благодарен сум на довербата и на гостопримството кои ги добив во Катар и им посакувам се најдобро на тимот и на клубот во иднина“ – напиша Манџукиќ во објавата на социјалните мрежи.

Хрватот беше во немилост на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари кој не го користеше во првиот тим и реши да замине. По кратката и неславна авантура во Катар, опциите за него се Турција од каде има интерес и од Фенербахче и од Галатасарај, потоа Италија каде опции се Беневенто и Милан, а последните информации велат дека за него е заинтересиран и рускиот клуб Локомотив Москва.

Се вчитува...