Хрватска направи подвиг, покажувајќи квалитет и покрај сите проблеми стигнувајќи до медал на овој европски шампионат. „Коцкестите“ во денешниот меч за бронзата славеа над Исланд.
Вироза ги фати дел од хрватските ракометари во пресрет на „малото финале“, така во тимот го немаше Кузмановиќ, во чие отсуство на голот застана Матеј Мандиќ и имаше осум успешни интервенции.
„Среќни сме и горди, солзи радосници ми одат на очите. И кога ни одеше, и кога не бшее така, ние дававме се од себе. Германија заслужено не победи, но ги кренавме главите високо и на крајот стигнавме до медал. И јас имав температура, но играв со таблети и успеав да дадам свој придонес. Со два медали на последните големи натпреварувања уште еднаш покажавме дека сме дел од самиот врв, иако бевме една од најмладите селекции на овој шампионат. А сега? Сега е време за пиво, ништо не лечи вироза подобро од неколку пива. Дочек во Загреб? Ќе дојдеме, но ќе бидеме во каква состојба ќе бидеме“, со насмевка коментираше Мандиќ по големиот триумф и најновиот успех на хрватскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

