Огромно е незадоволството во редовите на ППД Загреб по вчерашниот убедлив пораз од Вардар (18-27) во првата осминафинална пресметка од Лигата на шампионите.
„Тоа што го одигравме е недозволиво, под секое ниво. Вардар ни одржа страшна лекција, од ракометен учебник. Дури и не знам дали еден таков меч е за верување“ – вели хрватскиот репрезентативец Давид Мандиќ, кој не сака и воопшто да зборува на темата шанси за пласман во четвртфиналето.
„Ма, не сакам ниту да заборувам за тоа. Како може било што да кажам на таа тема после она што го одигравме на првиот дуел. Ова беше катастрофа и сега е лудо да се размислува за пласман во четвртфинале“ – истакнува Мандиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА