Мане донесе бод за Сенегал против Конго (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сенегал и на Конго одиграа без победник 1-1 во дуелот од 2. коло во Африканскиот куп на Нации. Со тоа и двете селекции имаат по четири бодови пред последното коло во групата, и речиси се веќе пласирани во следната фаза.

Бакамбу со гол во 61. минута ја донесе селекцијата на Конго во предност. Садио Мане израмни само шест минути подоцна, и донесе бод за својот тим.

Во последното коло, Сенегал игра со Бенин, додека Конго за противник ја има селекцијата на Бенин.

Се вчитува...