Сенегалскиот напаѓач Садио Мане вечерва го продолжи договорот со Ливерпул, информација официјално објавена и на интернет страницата на тимот од „Енфилд“.
Мане долго преговараше за продолжување на соработката, за да сега и дефинитивно е постигнат договор на задоволство на двете страни.
„Среќен сум што останувам член на Ливерпул. Ова е голем ден за мене. Навистина искрено се радувам на се што доаѓа во иднина за мене. Секогаш нагласував а сега ќе повторам дека никогаш не размислував дали да прифатам понуда кога разбрав дека Ливерпул се интересира за мене. А, сега ова продолжување на договорот може повторно да го издвојам како мој животен потег“ – вели Мане.
Од доаѓањето во Ливерпул во 2016 година, Мане постепено се наметна како еден од клучните фудбалери на тимот без кого се незамисливи сега и првите 11 на Клоп. Според информациите од Англија, Садио Мане го продолжи договорот со Ливерпул на нови пет години, до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА