Мане го пропушта стартот на сезоната во Премиер-лигата

Настапот на Садио Мане до самата завршница на Купот на Африкански Нации ја компликува ситуацијата и за Јирген Клоп, кој нема да може да смета на сенегалскиот голгетер за стартот на новата премиерлигашка сезона. Клоп по поразот од Севилја самиот потврди дека Мане ќе му се приклучи на тимот по 5 август, кога Ливерпул ќе го игра „Комјунити Шилд“ мечот со Манчестер Сити.

„Црвените“ сезоната ќе ја стартуваат со домашен меч против Норвич на 9 август, меч на кој Мане нема никакви шанси да биде подготвен.

„Садио е на одмор, ќе се врати на 5 август. Ќе имаме пет дена до мечот со Норвич, десет дена до Супер-купот на Европа против Челси“ – истакна Клоп.

Бразилците Фирмино и Алисон Бекер ќе се вратат една седмица порано, заедно со Мохамед Салах, па се очекува тројцата да бидат во комбинација за дуелот со Норвич од првото премиерлигашко коло.

Се вчитува...