Шестгодишната авантура на Садио Мане на „Енфилд“ заврши со преселба во редовите на Баерн Минхен каде Сенегалецот одлично започна, но се соочи со сериозна повреда која се уште го оддалечува од теренот. А, додека чека камбек во дресот на баварците тој даде неколку интересни интервју.
Во последното од нив говореше за најдобрите со кои соработувал, а еден одговор ги изненади сите. За најбрз играч го избра Алфонсо Дејвис, за најдобар „дриблер“ Џамала Мусијала, за најинтелигентен Џошуа Кимих, за најголем талент Лирој Сане, за најдобар лидер Јордан Хендерсон, а најдобар дефанзивец Калиду Кулибали.
Кога сите очекуваа изборот за најдобар голгетер да му го препише на Мохамед Салах, Мане се одлучи да го избере Дивичок Ориџи со кој истотака настапуваше заедно во Ливерпул. Одговорот на Сенегалецот наиде на шок кај англиската јавност и навивачите на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

