Мане од трагичар до херој – Историска прва титула за Сенегал на Африканскиот куп на нации (ВИДЕО)

Сенегал стигна до историската прва титула на Африканскиот куп на нации откако во трилер натпревар по изведување на пенали со 4-2 славеше над Египет. Садио Мане кој по 120 минути беше трагичар бидејќи не реализираше пенал уште на самиот старт во 7. минута, на крајот стрелаше во последната петта серија во пенал рулетот и со тоа се запиша со златни букви во историјата на сенегалскиот фудбал.

Абделмонем и Лашен не реализираа пенали за Египет, а поради тоа на ред не дојде Мохамед Салах. Од друга страна во редовите на Сенегал непрецизен беше Сар.

За Сенегал ова е прв трофеј во Африканскиот куп откако претходно во два наврати завршуваа како втори.

 

 

Се вчитува...