Мане откри што му кажал на Салах по финалето

Репрезентацијата на Сенегал во неделата го подигна трофејот во Африканскиот Куп на Нации откако на пенали го совладаа Египет со 4-2. Последниот пенал го постигна Садио Мане, кој во регуларниот дел не реализираше удар од белата точка.

Мане одигра неколку одлични натпревари, и на крајот го подигна трофејот. Финалниот меч беше во центарот на вниманието затоа што играа Мане против Салах, двајцата соиграчи во Ливерпул.

Мане на крај го тешеше Салах, а сега откри што му порача на својот соиграч по финалето.

„Му кажав дека и натаму е одличен фудбалер и дека е задоволство да се игра со него во ист клуб. Даде многу за својата земја и многу го ценам. За жал, не победи, но тоа не значи дека е крај. Му кажав дека има уште многу да освојува, тука е Афричкиот Куп на Нации за две години. Египет има млада екипа, и можно е да го освои трофејот еден ден“, рече Мане.

Се вчитува...