Голем удар за Сенегал преставува повредата на Садио Мане, и тоа само неколку дена пред почетокот на Мундијалот во Катар. Иако пред неколку дена шансите Мане да патува на Мундијалот беа сведени на теорија, пред се поради тежината на неговата повреда, сепак, АФП пренесува дека Мане ќе биде на Мундијалот, но нема да ги игра натпреварите во групната фаза.
Наводно фудбалската федерација на Сенегал порачала дека играчот сигурно ќе биде на списокот, но ќе ги пропушти мечевите против Катар, Холандија и Еквадор, со надеж дека неговите соиграчи ќе ја минат групата, и ќе продолжат во нокаут фазата, па до тогаш Мане ќе се опорави и ќе може да игра.
Мане на последниот меч во Бундеслигата ја повреди десната нога. Пред неколку часа излезе информација дека врач ќе го лечи Мане, само да биде способен да игра на Светското првенство кое почнува за 10 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА