Мане промаши пенал, откако Салах го советуваше својот голман каде ќе шутне Сенегалецот (ВИДЕО)

Сенегал пропушти шанса да стигне до водство од 1-0 против Египет во финалето на Африканскиот куп на нации. Првата ѕвезда на Сенегалците Садио Мане не реализираше пенал во 7. минута од натпреварот.

Интересна ситуација се случи пред изведувањето на пеналот, бидејќи соиграчот на Мане од Ливерпул, Мохамед Салах го советуваше својот голман Мохамед Абу Габал каде ќе шутне Сенегалецот, а на крајот египетскиот голма успеа да го одбрани ударот.

 

 

 

Се вчитува...