Мане, Салах и Марез останаа во најтесната трка за фудбалер на годината во Африка

Фудбалската конфедерација на Африка ги објави имињата на тројцата фудбалери кои останаа во најтесен избор за најдобар фудбалер во 2019 година. Еден ден откако Ливерпул првпат во историјата стана светски клупски првак објавено е дека во конкуренција се Садио мане и Мохамед Салах кои се клубот од „Енфилд Роуд“ оваа година ја освоија Лигата на шампионите, како и Суперкупот на Европа.

Друштво на завршната церемонија за најдобар фудбалер на Африка која е закажана за 7.јануари ќе им прави Ријад Марез кој со Манчестер Сити ги освои трофеите во Премиер – лигата и во Лига купот на Англија, а со Алжир триумфираше на Африканскиот куп на нации.

Титулата најдобар од минатата година ја брани Египќанецот Мохамед Салах.

Се вчитува...