Сенегал го порази тимот на Зимбабве со 1-0 во првиот круг од Африканскиот куп на нации, а единствен стрелец беше ливерпулскиот ас Садио Мане.
Натпреварот понуди бројни шанси за гол и одлична игра, а на крајот, Зимбабве си пресуди сам на себе си , откако Келвин Маџонгве играше со рака во својот шеснаесетник.
Судијата Марио Ескобар веднаш досуди удар од белата точка, ја провери својата одлука со ВАР системот, а обезбедениот пенал го шутираше Садио Мане, кој успеа да биде прецизен и да донесе голема победа за својата селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА