Мане заврши со Баерн, многу играчи не зборуваат со Сенегалецот

Садио Мане ги одбројува последните недели од престојот во Минхен. На лето речиси сигурно заминува, а инцидентот со Мане после мечот со Манчестер Сити во ЛШ и тоа како ќе влијае врз неговата иднина.

Покрај тоа што Баерн Минхен се реши да го суспендира за натпреварот со Хофенхајм во Бундеслигата, сега германските медиуми откриваат дека голем дел од играчите му „свртеле грб“ на Мане, и не комуницираат со него. Тоа е доволна причина за Мане после само една година мината во Минхен, да си оди од клубот.

И тренерот на Баерн, Томас Тухел веќе се откажал од неговите услуги, и е подготвен по завршувањето на сезоната да се откаже од него. Пред неколку дена се појави информација дека Мане изразил желба да се врати во Англија, и тоа во редовите на Ливерпул, но прашање е дали сега „црвените“ ќе сакаат да го вратат во ваква очајна форма.

Се вчитува...