Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод освоен во битката против големата Англија во Скопје (1-1). Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.
Стоперот на репрезентацијата, Јован Манев по мечот им се заблагодари на сите навивачи кои во голем број ја поддржаа Македонија на овој меч.
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во голем број и не поддржаа, тоа беше поттик за нас. Ние сме млада екипа и сме во процес, затоа сум горд на моите соиграчи. Се надевам дека со овој резултат нема да застанеме овде, затоа што имаме многу квалитет и сега уште поголема мотивација, по ова реми со Англија. Се надевам дека во следниот циклус ќе излезе на виделина она кое го работиме и заедно ќе се радуваме на нови успеси на Македонија. Англичаните се светска класа, но тоа беше мотивација за нас да ги покажеме квалитетите“, Mанев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА