Манев и Адана се вратија на победите во турската Супер-лига

После поразот од Башакшехир минатото коло, Адана Демирспор се врати на победите. Денеска тимот предводен од Јован Манев во одбраната, го совлада составот на Анкарагучу со 3-1, а македонскиот фудбалер играше цел натпревар во тимот предводен од легендарниот Винченцо Монтела.

Манев беше во составот и пред две кола, кога Адана го „растури“ Истанбулспор со 6-0, а минатиот меч го мина на клупата. Сега одново доби шанса, за Адана да се врати на победите.

Со оваа победа Адана повторно се вмеша во битката за Европа за следната сезона. Тимот на Манев се најде на четвртото место веднаш зад гигантите Галатасарај, Фенербахче, а трет е Башакшехир.

Се вчитува...