Манев и Риека преку Славен Белупо на Нестор до титула и во Купот на Хрватска

На неверојатен начин заврши сезоната на Ријека откако тимот успеа да стигне до двојна титула во домашниот шампионат.

По триумфот во Националното првенство, Јован Манев и соиграчите стигнаа и до трофејот во Купот на Хрватска.

Тие во финалниот двомеч славеа против Славен Белупо на нашиот Илија Нестороски. Откако првиот меч заврши без победник 1-1, вечерва домаќините на „Рујевица“ славеа со минимални 1-0. Стрелец на погодокот вреден титула беше Наис Џухара во 60. минута.

Се вчитува...