Манев: Македонија ЃП оди во Гостивар по поволен резултат

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров утре ќе му гостуваат на Гостивар во последниот натпревар од зимскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска игра.

Еден од најискусните во таборот на „лавовите“ Коста Манев вели дека тој и неговите соиграчи одат на победа на гостувањето кај одличниот тим на Гостивар.

„Играме против добар противник кој знае што сака, но ние имаме цел која треба да ја постигнеме со борбена игра и силен напор за да се вратиме од Гостивар со позитивен резултат“, вели Манев. 

Натпреварот е со почеток во 13 часот.

Се вчитува...