Манев: Не не посака шутот, заслужена победа на Пелистер

Koшаркарите на Еуро Никел го завршија во полуфиналето настапот на Ф8 турнирот во националниот куп на Македонија, откако вечерва во арената „Боро Чурлевски“ во Битола беа поразени од домаќинот Пелистер со резултат 78-68.

Тренерот на кавадарчани Атанас Манев по мечот изјави дека не ги послужи шутот од дистанца.

„Честитки за победата на Пелистер, им посакувам среќа во финалето. Нервозно го отворивме натпреварот, имавме многу проблеми со офанзивните скокови. На вчерашниот натпревар можеби успеавме да ја изнесеме средбата во наша полза, ама денес не успеавме во тоа. Исто така не не послужи и шутот од дистанца, што е наша силна страна. На нас останува добро да се одмориме, честитки за борбеноста на мојот тим. Продолжението од сезоната е пред нас“, изјави Манев.

Се вчитува...